Обука за контролори во инспекциски тела

Објавено од tahografi 21/04/2015 0 Коментари Обука,

Обука за контролори во инспекциски тела

Почитувани,

 

Компанијата Тим-Про Интер од Скопје како официјален партнер на VDO за Македонија организира специјална обука за контролори во инспекциски тела. Со донесување на законот за работно време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај (Службен весник на Р.Македонија БР.161/2009; 17/2011; 54/2011) е предвидено лицата кои вршат калибрација на тахографите се должни на секои 3 години да исвршуваат обука.

Со оглед на тоа што силно е изразена потребата за ваков облик на обука Тим-Про Интер ја извршува оваа следнава обука.

Аналогни тахографи:

  • Законска регулатива
  • Преглед на аналогни тахографи
  • Функции на аналогни тахографи
  • Ракување со мерна и тест опрема
  • Подесување и програмирање на аналогни тахографи
  • Анализа на записи од аналогни тахографи
  • Справување со манипулации и грешки во аналогните тахографи
  • Инсталација, функција и калибрација на аналогни тахографи

Дигитални тахографи:

  • Одредби и правила од национална европска легислатива
  • Технички податоци од DTCO 1381
  • Управување со податоци
  • Превземање и архивирање на податоци
  • Инсталирање на дигитални тахографи и функциски тестови
  • Активирање, прва калибрација, редовна инспекција
  • Одржување и чистење
  • Анализа на настани и грешки на DTCO 1381

 

За подетални информации во врска со оваа обука контактирајте 'не на следнава форма:

 

Loading...
Loading...
Loading...