За Нас

Наша главна дејност е сервисирање и верификација на тахографи.

 

Тим-Про Интер постои од 2006-та година, и мора да напоменеме дека нашите вработени се со повеќегодишно работно искуство и се доста искусни во извршувањето на своите работи, со што клиентите се здобиаваат со максимално квалитетна услуга. Квалитетот на услуги што го нуди Тим-Про Интер стана уште повисок со воведувањето на системот за квалитет ISO17020 со што Тим-Про Интер доби сертификат да работи според светските мерила за квалитет и секако да се носи рамо до рамо со водечките брендови кои се занимаваат со истата работа.

 

Квалитетот на услугите на Тим-Про Интер е оправдана со потпишување на договорот за соработка со најголемата светска фирма за производство на тахографи, а тоа е CONTINENTAL VDO Automotive со што Тим-Про Интер стана единствен и овластен партнер за производите на CONTINENTAL VDO Automotive на територијата на Република Македонија.

 

Воедно со овој договор Тим-Про Интер има добиено право за издавање на интернационален признат сертификат за верификација на тахографи кој е единствен во Република Македонија.

 

Резервните делови, тахографдките ленти, сензори и други современи уреди и софтверски решенија на фирмата CONTINENTAL VDO Automotive се секогаш тука за да ни ја олеснат работата при транспортот.

 

Вработените во Тим-Про Интер постојано се надградуваат со своето знаење и искуството во оваа работа по пат на семинари и друг вид на обуки како во земјава така и во странство, со цел да им овозможат на клиентите брзи и квалитетни решенија и услуги. 

 

Современите достигнувања во светот нашата фирма Тим-Про Интер ги пренесува во Република Македонија. со што овозможува полесен контакт со нашите граѓани до современиот и комплексен свет од областа на интернационалниот сообраќај и превоз. 

 

Благодарение на професионалноста на нашиот персонал и современата опрема со која располагаме и која се користи во сервисот, бројот на клиенти е во постојан пораст.

 

Loading...
Loading...
Loading...